петок, 26 јули 2024

Ќе се отстрани рингишпилот во Карпош, по алармот од Град Скопје надлежните органи излегле на терен

Полицајци, пазарни, градежни и инспектори од УЈП излегле на терен кај спортскиот центар Борис Трајковски каде фирма од Чаир без дозволи и безбедносни стандарди постави рингишпил. По направени записници ќе се пристапи кон отстранување на забавниот парк, рекоа од МВР. Инаку, за случајот алармираше градоначаличката на Скопје, Данела Арсовска која ги повика надлежните органи да постапат бидејќи, како што наведе, и покрај изречената казна од страна на Град Скопје, фирмата продолжила со монтирање на опремата за панорамско тркало.

Објавено на

часот

Сподели

МВР утрово соопшти дека се постапило по допрен глас дека без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк, меѓу кои и панорамско тркало.

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања.

Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ке бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите“, соопштија од МВР.

Инаку, Град Скопје пред три дена побара помош од надлежните органи.

„Дизниленд реквизити, фирма од Чаир, регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата Борис Трајковски. Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи“, алармираше градоначалничката Данела Арсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ