Градоначалникот Стефковски во објавата на својот фејсбук-профил вели дека со изградбата на паркот, грижата кон животната средина, а дополнително се создава простор во кој граѓаните ќе имаат можност да спортуваат и да рекреираат.
Тој додава дека покрај зелената површина и урбаната опрема во паркот ќе бидат засадени нови садници дрвја, а ќе се изгради и спортски терен за кошарка, како и фитнес-зона на отворено.
“Ова не е прв голем парк кој општина Гази Баба го гради. Изминатиот период нови зелени паркови се изградија во Триангла и Ченто“, вели градоначалникот.
Општина Гази Баба, најавува дека во наредниот период ќе продолжи со мапирање во населените места со цел изнаоѓање на нови просторни капацитети за подигање на нови зелени површини.