Во продолжение се имињата на учениците прогласени за првенци на генерација:
Мила Велковска – ООУ Наум Наумовски Борче
Михаил Цветкоски – ООУ Григор Прличев
Милан Стојчевски – ООУ Стив Наумов
Александар Додевски – ООУ Кирил и Методиј
Ангела Ѓорѓиевска – ООУ Наум Охридски
Нух Авдиу – ООУ 25 Мај
Милена Ивановска – ООУ Његош
Бисера Дрндар – ООУ Крсте Мисирков
Андреј Петровиќ – ООУ Крум Тошев
Давид Арнаудов – ООУ Дане Крапчев
Ева Митевска – ООУ Вера Јоциќ.
„Општина Гази Баба е единствената општина во Република Македонија која на учениците кои се прогласени за ученик на генерација им доделува парична награда од 3000 денари и признание за постигнатиот успех. Оваа активност се воведе со моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба бидејќи наша должност е да го почитуваме и наградуваме успехот на најдобрите ученици, а со тоа да бидеме мотивација за сите останати. Им честитам на учениците за постигнатиот успех и посакувам да продолжат да бидат успешни средношколци, а потоа и студенти“, напиша Стефковски.