вторник, 22 октомври 2024
По вакдалскиот чин кај т.ц. Зебра

Општина Центар ги замени искршените детски реквизити со нови

Детските реквизити на игралиштето близу т.ц Зебра, кои деновиве беа искршени од поединци или група вандали се реконструирани, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, додавајќи дека ваквите вандалски однесувања се чести во општината и поради нив трпат и децата и општинската каса.

Објавено на

часот

Сподели

„Службите на Општина Центар повторно ги заменија или реконструираа искршените реквизити на детските игралишта. За оваа намена општината годишно извојува од 3 до 5 милиони денари за оштетена јавна опрема. Навистина е жалосно што наместо за нови проекти за граѓаните или нови игралишта за најмладите средствата се трошат за оваа намена. Уште полошо е што ова е слика на нашата младина и образот на иднината. Ноќе детските игралишта се збиралиште на хулигани кои демулираат и ја уништуваат детската игра на најмалите. Затоа ги повикувам граѓаните доколку забележат вандалско однесување да го пријават во полиција, ги повикувам родителите да внимаваат на однесувањето на децата, а надлежните институции да ги засилат патролите и постапуваат и ги санкционираат овие појави“, потенцира Герасимовски.

Герасимовски потенцирал дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат казни од надлежните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ