недела, 24 ноември 2024

Општина Аеродром: Зад наводната бетонизација во Лисиче се крие непотизмот во СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

Нема крај на фантазијата, лажните вести и дезинформациите пласирани од страна на СДСМ. Политичката партија не престанува да шири лаги и дезинформации во јавноста. Најкорумпираната партија во Македонија, најмалку што треба е да обвинува за корупција, онаму каде што се работи одговорно и чесно и каде се реализираат проекти за граѓаните. СДСМ најмалку што можат да зборуваат за бетонизација, дивоградби и криминал затоа што тоа е политичката партија која е позната по високите провизии, спорните договори во четири очи, незаконските надзори, багателната продажба на земјиште на брачни партнери, класифицирани и сомнителни милионски договори и уште низа криминални тендери и зделки, пишува во реакцијата на општина Аеродром.

„Во суштина зад лажните обинувања и наводната ‘бетонизации’ во Лисиче, се крие непотизмот и обидот за замајување на јавноста од продажбата на државно земјиште по нереално ниски цени, милионските суми испумпани од буџетот и тоа со бизнис партнери кои имаат сомнителна позадина.  Овие празнични денови, на дневен ред за споделување лажни вести од тендер партијата е Деталниот урбанистички план (ДУП) во дел од Лисиче за кој во неколку наврати потенциравме дека станува збор за процес кој е почнат во 2019-та година, а кој решава сериозни урбанистички проблеми за граѓаните во овој дел од општината. Уште еднаш потенцираме дека вестите поврзани со изградба на згради во Лисиче, се целосно лага, невистина и дезинформација. Посочениот ДУП сѐ уште е во фаза на анкета и финалната верзија ќе биде изработена по завршувањето на консултациите со јавноста“, велат од општина Аеродром.

Од општината ги повикуваме граѓаните да извршат увид во ДУП-от и да дадат свое мислење и забелешка по предложението план. 
 
„Ние ништо не криеме, работиме транспаретно и нашите документи нема потреба да бидат класифицирани. И на крајот уште еднаш потсетуваме дека ниту една лажна афера и дезинформација нема да го тргне вниманието на јавноста од лошите политики на власта и нема да ја намали разочараноста на граѓаните од лошата економска состојба во која СДСМ ја донесе државата“, велат од општина Аеродром.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ