понеделник, 25 ноември 2024

Општина Аеродром: Во Лисиче ќе се гради само една висококатница и два парка

Финалната верзија на урбанистичкиот план е изработена да го унапреди урбаното живеење и да го подобри квалитетот на живот во Аеродром и во истата се инкорпорирани забелешките и мислењата на сите засегнати страни. Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој предвидува изградба само на една зграда, два парка и решава важни урбанистички и комунални прашања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината, се вели во соопштението на Општина Аердром по реакциите по носењето на овој ДУП.

Објавено на

часот

Сподели

„Со донесувањето на урбанистичкиот план, Општина Аеродром уште еднаш покажа отвореност, транспарентност и грижа за проблемите на граѓаните и истиот отвора можност за понатамошен економски развој на општината. Изработката на деталниот урбанистички план се реализираше транспарентно и во неколку фази, со вклученост на граѓаните и експертската јавност. Дополнително, ДУП-от за дел од населбата Лисиче доби позитивно мислење од сите надлежни институции, вклучително Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Градот Скопје и сите надлежни институции.
Потенцираме дека станува збор за Детален урбанистички план кој решава важни, децениски прашања на граѓаните и отвора простор за развој и ново зеленило во општината. Од тука, целосно неточни се тврдењата за наводна бетонизација на општината и тие единствено одат во прилог на дневно политичките интереси на одредени политички структури, чија деструктивност, неодговорност и несериозност веќе е потврдена во неколку наврати“, соопшти општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ