петок, 18 октомври 2024

Општина Аеродром стана дел од „Мрежата силни градови“

Објавено на

часот

Сподели

„Восхитени сме од можност да и посакаме добредојде на Општина Аеродром во Мрежата силни градови“, стои во објавата на фејсбук страницата на мрежата.

Градоначалникот на Опшптина Аеродром Тимчо Муцунски на својата фејсбук-сртраница напиша дека членството на општината во меѓународните мрежи и организации е потврда за посветеност во решавањето на клучните предизвици со кои се соочуваат граѓаните и општеството, но и доказ за меѓународната поддршка и соработка која општината и градоначалникот ја имаат со своите пријатели и партнери, од ЕУ и светот.
„Горд сум што како градоначалник на Аеродром, низ оваа и слични иницијативи, успеваме да ја доближиме општината до сите регионални, европски и светски иницијативи, каде преку меѓусебна поддршка ќе создадеме средина која е развиена, инклузивна и креира можности за граѓаните“, истакна Муцунски во својата објава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ