петок, 18 октомври 2024

Општина Аеродром: Новиот концепт за чистење ја подобри хигиената

Објавено на

часот

Сподели

„Стремејќи се континуирано да обезбедиме услови за здрава животна средина и здрава околина, како предуслов за живот со здрави навики, Општина Аеродром изминатиот период ги стави на располагање сите свои капацитети. Чистотата на јавните површини е еден од најважните императиви во реализација на нашите тековни дневни обврски, а постигнувањето и одржувањето на оваа цел е можна само со поддршка од граѓаните и компаниите, но и комуналното претпријатие на градот“, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на Фејсбук.

ц

Во соопштението на општината се вели дека „состојбата во Аеродром е сериозно подобрена и поразлична, а овие активности со зголемен обем продолжуваат во текот на летото, особено за време на високите температури. Комуналните служби и механизацијата на општината, со поддршка на приватниот економски оператор, тековно и навремено ги сервисираат потребите на аеродромци поврзани со одложување и чистење на сметот, а редовно се спроведува чистење и миење на јавните површини и отстранување на кабастиот отпад“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ