вторник, 22 октомври 2024

Опасност демне, сајлата од жичницата Тетово-Попова Шапка може да се скине секој миг

Објавено на

часот

Сподели

„Сајлата е оштетена и постои опасност да се искине. Бидејќи сајлата е затегната, мора да помислиме на тоа како би изгледало, на пример затегнат ластик, кој доколку се искине знаеме што би се слуило. Би можел да додадам дека е изградена помеѓу периодот 1962 до 1965 година. Стара е веќе над 60 години. Тоа е челична сајла, обложена е со челични влакна што се околу нејзе, а и ‘кошулицата’ е оштетена. Така покрај жичарата каде што се поставени столбовите во моментот има две села и објекти кои се близу жичарницата и останува само прашањето, што се може да се случи доколку сајлата се скине“, изјави Надир Мурсели, алпинист со големо искуство и во спасувачки операции на планина.

На неколку места сајлата е толку спуштена што е прашање на време кога некое повисоко возило како автобус или камион би го допреле ова челично јаже.

„Другите недостатоци се дека таа се спушта на повеќе места од патот што води кон Тетово-Попова Шапка. Доколку се спушти сајлата скроз до патот, нема да можат коли да поминуваат како и да се стигне до селата. Исто и големите возила, камиони, автобуси“, потенцира Мурсели.

м

Во управата на ЕЛЕМ Турс која раководи со ски-центарот Попова Шапка велат дека жичарницата е во нивна надлежност и се во тек со состојбата.

„Од страна на техничко одговорно лице се олабавува сајлата одвреме на време за да не се скине па да направи посериозни проблеми. Реално тоа треба да се отстрани целосно од столбовите. Наша надлежност е да се тргне. Ќе видиме, имаме во план, работиме на тоа да направиме нешто за да ја отстраниме целосно. Баравме да се направи увид од техничка инспекција за да имаме насоки и ќе исконтактираме со инженерите од Машински факултет коишто ни прават испитувања и за другите жичарници. Да ни дадат конкретно некоја насока што да преземеме за да можеме да ја отстраниме. Не можам да кажам конкретно време но имаме сознание за тоа, преземаме чекори што се во наша надлежност“, изјави Адем Авзиу, управител на ЕЛЕМ Турс.

Жичницата Тетово-Попова Шапка е со должина од околу 6,5 километри. Возењето во таканаречените воздушни гондоли за четири луѓе трае 40 минути, со капацитет од 400 луѓе на час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ