понеделник, 25 ноември 2024

ОН: Повеќе од илјада авганистански цивили загинаа откако талибанците дојдоа на власт

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците во новиот извештај на мисијата за помош на ОН во Авганистан (УНАМА), од август 2021 година до крајот на мај имало 3.774 цивилни жртви.

Обединетите нации соопштија дека документирале значителен број цивили убиени и ранети во нападите во Авганистан, иако бројот е помал отколку порано за време на војната.

Само во 2020 година загинаа 8.820 цивили, вклучително и 3.035 во нападите.

Три четвртини од нападите, според ОН, откако талибанците ја презедоа власта се извршени со импровизирани експлозивни направи во „населени области, вклучувајќи џамии, училишта и пазари“.

Меѓу загинатите има 92 жени и 287 деца.

Во соопштението се наведува дека најголемиот дел од ваквите напади биле извршени од огранокот на Исламската држава во тој регион.

Сепак, во извештајот на ОН се вели дека „значителен број“ на смртни случаи се резултат на напади за кои никој никогаш не ја презел одговорноста или кои мисијата на ОН не можела да ги припише на ниту една група.

Се истакнува дека нападите биле извршени среде финансиската и економската криза во земјата.

Со остриот пад на финансирањето од донаторите, жртвите имаа потешкотии да пристапат до „медицинска, финансиска и психолошка поддршка“, се вели во извештајот.

Обединетите нации побараа „итно запирање на нападите“ и соопштија дека ја сметаат талибанската влада одговорна за безбедноста на Авганистанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ