петок, 18 октомври 2024

ОН: Потребна е хуманитарна помош за 15 милиони Украинци

На повеќе од 14,6 милиони луѓе, или околу 40 отсто од населението на Украина, ќе им биде потребна хуманитарна помош оваа година, објави Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OЦХA).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 6,3 милиони луѓе заминале во странство поради војната.

„Секој ден се убиваат и се рануваат цивили, додека нивните куќи и клучната инфраструктура се уништува“, се вели во соопштението.

Нападите врз Украина се интензивираа од 29 декември.

„Семејствата низ Украина ја дочекаа Новата година под звуците на сирените за воздушни напади, криејќи се во засолништа и метростаници или во подрумите на своите домови“, соопшти ОЦХА.

Координаторот на ОН за вонредни состојби Мартин Грифитс и високиот комесар за бегалци Филипо Гранди в понеделник 15 јануари во Женева треба да ги претстават координираните планови „за спасување животи и решавање на страдањата“ предизвикани од руската инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ