среда, 23 октомври 2024

ОН: Пет отсто од децата под 5 години се акутно неухранети во Газа

Обединетите нации објавија дека пет отсто од децата на возраст под пет години во Газа сега се акутно неухранети по неколкумесечната инвазија на Израел во палестинската енклава.

Објавено на

часот

Сподели

Медицинските работници со пластични ленти гo мереле обемот на надлактиците на децата за да утврдат знаци на губење на мускулите додека криза со глад ја погодува Газа по израелските напади, според Ројтерс.

Едно две и полгодишно девојче имало ситни раце, а кожата веќе почнала да виси откако нејзината тежина се намалила од 11 килограми пред конфликтот на само седум килограми сега, објави британската агенција, цитирајќи ја Хана Табаш, мајката на девојчето.

Табаш рече дека нејзината ќерка имала недоволна тежина и пред почетокот на војната, но дека сега е уште послаба откако семејството го напуштило својот дом во Кан Јунис и побарало засолниште во Рафа, каде што милион луѓе спијат во импровизирани засолништа.

Првичните податоци од мерењата направени во Газа покажуваат дека пет отсто од децата на возраст под пет години сега се акутно неухранети, објави Канцеларијата за хуманитарна помош на Обединетите нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ