Според базата на податоци Еид воркер секјурити која ги бележи случаите од 1997, во оваа година се забележани 281 загинат хуманитарен работник во однос на 280 забележани во 2023.
Податоците покажуваат дека оваа година 178 се убиени на окупираните палестински територии, вклучувајќи го Појасот Газа, каде се убиени најмногу хуманитарни работници на Обединетите нации. Во Судан се убиени 25 работници.
„Тие ја работата Божјата работа, за возврат се убиени. По ѓаволите!“, кажа портпаролот на Канцеларијата за хуманитарна помош на ОН (ОЦХА) Јенс Лерке на конференција за медиумите во Женева.
Повеќето жртви биле локални работници, додека 13 биле меѓународни хуманитарни работници.
Хуманитарните работници би требало да бидат заштитени според меѓународното хуманитарно право, но експертите наведуваат неколку преседани за такви случаи кои одат на суд, наведувајќи ја загриженоста околу обезбедувањето иден пристап на хуманитарните групи и тешкотиите во докажувањето на намера како пречка.
Ова насилство е несовесно и уништувачко за операциите на хуманитарна помош“, изјави шефот на хуманитарната помош на ОН Том Флечер.
„Државите и спротивставените страни мора да ги заштитат хуманитарните работници, да го почитуваат меѓународното право, да ги тужат одговорните и да го прекинат ова време на неказнивост“, кажа тој.