четврток, 28 ноември 2024

ОН: Израелците ги малтретираат палестинските затвореници во Појасот Газа

Официјален претставник на Обединетите нации (ОН) за човекови права го обвини Израел за малтретирање на палестински затвореници во Појасот Газа, велејќи дека се сретнал со луѓе кои му кажале дека биле држени со недели, ги тепале и биле со врзани очи, некои биле пуштени само во пелени.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Аџит Сунгај, претставник на ОН за човекови права во Појасот Газа, изјави за новинарите дека не се знае точно колку Палестинци притворил Израел од почетокот на воената операција во Појасот Газа по нападот на Хамас врз Израел, но тој рече дека станува збор за илјадници.

„Станува збор за луѓе кои израелските безбедносни сили ги задржаа на непознати локации од 30 до 55 дена“, изјави Сунгај за новинарите во Женева преку видео врска од Појасот Газа.

Тој рече дека штотуку ги запознал ослободените затвореници во опколената енклава. „Има извештаи за ослободување на мажи, но само во пелени, без соодветна облека на ова студено време“, рече тој.

Израелската војска и влада не беа достапни за коментар. Канцеларијата на израелскиот воен портпарол претходно соопшти дека израелските сили постапуваат со затворениците во согласност со меѓународното право и дека од нив често се бара да ја предадат својата облеката за да се провери дали имаат оружје или експлозив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ