четврток, 24 октомври 2024

ОН: Израел ги напаѓа конвоите со помош во Газа

Израелските сили „системски“ го блокираат пристапот на луѓето во Појасот Газа на кои им е потребна хуманитарна помош, отежнувајќи ја веќе и онака тешката задача за доставување на таа помош во хаотичниот воен регион, предупредија денес Обединетите нации.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Стана речиси невозможно да се спроведуваат медицински евакуации и да се доставува помош на северот на Појасот Газа и сè потешко на југот, кажа портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи (ОЦХА) Јенс Лаерке во Женева.

Сите конвои со помош предвидени за северот наишле на одбивање на израелските власти во последните денови, а последниот кој добил одобрување бил на 23 јануари, објави Светската здравствена организација (СЗО). Дури и конвои кои добиле одобрување од израелските власти биле неколку пати блокирани и нападнати.

Лаерке како пример го наведе инцидентот кој се случи во неделата кога конвој на СЗО и палестинската Црвена полумесечина кој требало да евакуира пациенти од опколената болница Ал Амал во Хан Јунис бил со часови блокиран, а вработените на итната помош биле уапсени.

„И покрај претходната координација со израелските власти за сите членови на персоналот и возилата, израелските сили го блокираа конвојот на СЗО неколку часа по напуштањето на болницата“, кажа тој.

„Израелски војници ги присилиле пациентите и персоналот да излезат од возилата на итната помош и припадниците на медицинскиот персонал ги натерале да се соблечат“, додаде тој, прецизирајќи дека конвојот кој превезувал 24 пациенти бил блокиран седум часа.

Потоа биле уапсени тројца членови на палестинската Црвена месечина иако израелските сили ги добиле нивните податоци однапред, додаде тој, напоменувајќи дека до сега е пуштен само еден од нив. „Не станува збор за изолиран инцидент“, истакна портпаролот.

„Конвоите со помош се нападнати и пристапот на лицата на кои им е потребна помош системски се оневозможува“, порача Лаерке.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ