На големиот меѓународен натпревар од светските Г1 турнири во Загреб, Релиќ поради доброто рангирање во првото коло беше слободна. Потоа, во наредното второ коло ја победи извонредната американка Хлое Чуа со 2:0 во рунди. Исто така, во борбата за медал, во нерешена борба и со одлука на судиите, Релиќ ја совлада и србинката Надја Савковиќ со скор 2:1. Во досегашните натпревари, Савковиќ извојувала три победи над нашата олимпијка.
Во полуфиналето во Загреб, Релиќ изгуби од шпанката Арлет Ортиз Бените.
Ново освоените поени се дел од светската и олимписката ранг листа како увертира за норма за Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година.