четврток, 24 октомври 2024

ОЛАФ бара државата да врати 600.000 евра за купен софтвер за потребите на МЗШВ

Објавено на

часот

Сподели

Според министерот, истрагата е веќе завршена и за случајот има конкретен предмет со конкретни правни дејства. Предметот е доставен до ОЈО за организиран криминал, а МЗШВ апелира случајот да биде комплетно расчистен. 

Како што информира тој денеска не се работи за никаков договор или предмет поврзан со ИПАРД, туку за проектот што се реализирал преку ИПА поддршката за МЗШВ.

„Имаме еден случај на ОЛАФ кој е завршен со препорака. Се работи за проект од 2015 година, но не поврзан со ИПАРД, туку со ИПА поддршка на МЗШВ за одреден софтвер за кој државата треба да ги врати парите. ОЛАФ спровела постапка и констатирала дека има неправилности поради што препорачува државата да ги врати средствата. За случајот, Владата на една од последните седници донесе Одлука согласно сите постапки и предметот е пратен во обвинителството“, рече Николовски.

Министерот потенцира дека МЗШВ бара и апелира случајот да биде разрешен.

„Да бидеме јасни, прецизни и транспарентни. Не сакам да се наруши успешната ИПАРД приказна. Ние треба да градиме доверба со луѓето, имаме 120 милиони евра на располагање и сакаме максимално да ги искористиме“, подвлече Николовски.

Тој го покажа и документот според кој, „ОЛАФ има заврешно истрага за злоупотреба на ИПА средства преку проект реализиран во 2015 година, а се однесува на Договор потпишан на 20 ноември 2015 година по тендерска постапка „Надградба на информациски систем за земјоделство и воспоставување системи за размена на податоци меѓу МЗШВ и другите релевантни институции кој е спроведен децентрализирано, во рамки на Програмата за помош при транзиција и институционална надградба“. 

„Европската комисија на 18 април 2023 година достави допис во врска со неправилност на Договор финансиран од ЕУ преку ИПА. Владата преку Министерството за финансии го има разгледано и веќе постапува по Извештајот доставен од завршената истрага на ОЛАФ. Значи, ова е завршена истрага во која има конкретен предмет со конкретни правни дејства. ОЈО за организиран криминал веќе има тековна постапка за овој случај, а МЗШВ го повикува случајот да биде комлетно расчистен“, дециден е Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ