петок, 25 октомври 2024
АМСМ

Околу 45 минути се чека на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ