четврток, 24 октомври 2024
Огновите во државава не стивнуваат

Околу 40 куќи пеплоса пожарот во селата Малино, Немањици и Орел

Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици, кои брзо се ширеа поради ветерот, се првичните проценки на штетети според градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Објавено на

часот

Сподели

Вели дека претпладнево нема опасност огнот да влезе во населени места, но горат површини со земјоделски култури.

Посочува дека во текот на ноќта брзо е интервенирано од страна на сите сили и огнот од селото Ерџелија е држен на растојание од околу еден и пол километар.

Во Светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ