понеделник, 28 октомври 2024

Охриѓанец фатен со кесичка со кокаин, потоа пронајдени се уште 34 кесички

Полицијата приведе охриѓанец кој бил забележан како во рацете има кесичка со бела прашкаста материја, а потоа му се најдени уште 34 кесички со кокаин.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода А.К.(33) од Охрид. По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја. По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја.

Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ