„Како што се доближуваме до изборите во 2024 година, фондацијата Ромите за демократија – членка на пан-Европската мрежа околу новоформираната фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, го организира овој настан како почеток на иницијатива за справување со овие предизвици. На престојните избори, фондацијата ќе ги предводи напорите за решавање на итните прашања поврзани со ромската заедница”, изјави извршнaта директорка на фондацијата во Македонијa, Селвије Мустафи Алкан. Андријано Џеладин, главен уредник на поткастот Политички контрапункт рече дека промените ќе бидат од корист и за Ромите и за Македонија. „Стремеж на фондацијата е да се поддржат најкредибилните и најкомпетентните лица од ромската заедница, не само во Северна Македонија туку и низ Европа“, рече Џеладин. |
Фондација Роми за демократија
Охридскиот договор доведе до политичка маргинализација на Ромите
Ромите во Македонија ги трпат последиците од политиките кои се спроведуваат по Охридскиот рамковен договор, кој резултира со политичка маргинализација и последователно, неправда и исклучување. Ова е заклучок од денешната средба на претставници на фондацијата Ромите за демократија со новинарите.
Објавено на
часот