недела, 20 октомври 2024
24 часа објави делови од извештај на бугарската разузнавачка служба

Официјално Скопје ги тера Бугарите во соседните земји да се препознаат како Македонци

Објавено на

часот

Сподели

Во Македонија не се спроведуваат суштинските уставни измени, а Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија се применува делумно и селективно, пренесува делови од Извештајот на СВР, 24 часа.

„Неконструктивната политика на властите на РСМ кон Софија сѐ повеќе е поддржана од некои надворешни фактори. Продолжија обидите на РСМ да искористи одредени меѓународни организации за да го наруши имиџот на Република Бугарија. Трендот ќе продолжи и ќе бара внимателност од бугарските власти. Дополнително, во 2022 година, традиционално, не е постигнат напредок во изградбата на клучниот, за НАТО, коридор 8 во неговиот дел преку територијата на РСМ“, пишува 24 часа.

Главниот фактор кој имаше негативно влијание врз стратешкото безбедносно опкружување во 2022 година и ги одреди предизвиците за националната безбедност на Бугарија беше руската инвазија на Украина, се наведува во извештајот на СВР, а пренесува 24 часа.

„Во својот годишен извештај, Државната агенција за национална безбедност (НСА) наведува и дека војната во Украина и зголемениот потенцијал за нестабилност на Западен Балкан најзначајно влијае на нашата национална безбедност. Кремљ не ги постигна првично поставените цели да заземе во рок од неколку дена одредени зони и региони на украинската територија, ефективно блокирајќи го Киев како центар на гравитација, предизвикувајќи промена на централната власт во Украина и создавање отскочна даска за последователни акции на одредени секундарни насоки на запад. Воените дејствија поминаа низ неколку фази со постепено намалување на контактната линија до сегашниот фронт на активни воени дејствија во источна и јужна Украина и наизменично кинетичко влијание врз главно цивилни критични инфраструктурни цели. Тековниот целосен вооружен конфликт има значајно влијание не само врз Украина и регионот, туку и на глобален аспект“, пишува и Воено-разузнавачката служба, а пренесе 24 часа.

Порталот уште пишува дека според бугарските разузнавачи, одлучувачките активни фази на војната ќе дојдат подоцна во текот на оваа 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ