понеделник, 28 октомври 2024

Одземени шест возила со фалсификувани документи од сервиси во Охрид

Од три сервиси за поправка на возила, одземени се шест автомобили кои имале фалсификувани документи.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат. По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за коли на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица.

Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ