четврток, 24 октомври 2024

Одмазда за ракетниот напад на Голанската висорамнина: Израел гаѓаше објекти на Хезболах во Либан

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека нејзини авиони ноќеска извршиле напади на објекти на Хезболах во Либан, откако во ракетен напад на стадион на Голанската висорамнина вчера загинаа 12 луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ИДФ наведува дека извршиле серија напади на цели на Хезболах длабоко во либанската територија и на југот на Либан, вклучувајќи „складишта на оружје и терористичка инфраструктура“ во повеќе области, пренесува Ројтерс.

Во ракетниот напад на стадион на Голанската висорамнина вчера загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои има деца.

Израел за нападот го обвини Хезболах и вети дека жестоко ќе одговори, додека либанската милитантна група, блиска до Иран, ја отфрли одговорноста за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ