четврток, 24 октомври 2024

Одмазда на САД и Велика Британија по нападот на Хутите во Црвеното Море. Борбени авиони целеа на базите во Јемен

Американските и британските сили нападнаа 18 цели на бунтовниците Хути во Јемен во саботата како одговор на нападите во Црвеното Море и Аденскиот Залив, од кои еден сериозно оштети трговски брод натоварен со вештачко ѓубриво минатата недела, пренесе Асошиејтед прес.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот на американските официјални лица, американски и британски воени авиони погодиле цели на вкупно осум локации, гаѓајќи магацини за муниција и ракети, лансирни рампи, беспилотни летала и системи за противвоздушна одбрана. Нападот беше четврти заеднички американско-британски напад врз позициите на Хутите од 12 јануари.

Американската војска речиси секој ден самостојно врши напади врз позициите и магацините на Хутите.

Бројните напади на Хутите врз трговски бродови во Црвеното Море, вкупно 57 од ноември, особено се интензивираа во последните два-три дена, соопшти во саботата Пентагон.

Хутите, кои контролираат голем дел од територијата на Јемен, напаѓаат трговски бродови за кои тврдат дека им припаѓаат на оние што му помагаат на Израел во неговата војна против Палестинците.

Западни извори тврдат дека Хутите имаат голема поддршка од Иран за овие акции во Црвеното Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ