петок, 18 октомври 2024

Одбрана на Жан Митрев: Македонија е единствената држава во која се суди доктор кој лекувал од ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Одбраната цитираше делови кои се однесуваат на дистрибутерите и продавачите на филтри, а не на докторите и клиниките, кои потоа неосновано му ги припишува на д-р Жан Митрев, кој не е дистрибутер на филтри за хемофилтрација. Ова го прави за да го оправда обвинението“, беше наведено во воведното обраќање од одбраната на Митрев на денешното рочиште. 

Смртноста во клиника Жан Митрев заклучно со јули 2022 година изнесува 25,4%, додека во јавното здравство процентот на смртност изнесува 51,3%. Во клиниката Жан Митрев ковид-19 пациентите се лекуваат во современ медицински систем за интензивна нега, единствен во регионот акредитиран од JCI (Joint Comission International) што значи дека ги исполнува највисоките стандарди за безбедност при лекувањето на пациентите и највисок стандард во превенција на интрахоспиталните инфекции, составен од 51 лекар, 86 среден медицински персонал и останати вработени, a не се лекувани лично од д-р Жан Митрев“, рекоа од одбраната и додадоа дека ОЈО нема кредибилни докази со кои ќе го убеди судот надвор од разумно сомневање дека Митрев хемофилтрацијата  а применувал со намера да прибави противправна имотна корист.

„А таквата намера ја реализирал само кај 282 пациенти од вкупно 1.738 лекувани од ковид-19 во клиниката, или 16% од вкупниот број лекувани. Доколку хемофилтрацијата Митрев ја употребувал со намера да ги измами пациентите за да прибави противправна имотна корист, тој би ги измамил сите 1.738 пациенти кои веќе имале депонирано парични средства за хемофилтрација доколку биде потребно, а не би измамил само 16% од нив како што тврди обвинителството.  

Во клиниката Жан Митрев од ковид-19 биле лекувани вкупно 1.738 пациенти и сите според препораките на производителот на филтрите и според препорачаните индикациони вредности.  

Одбраната потсети дека на 16 јуни 2020 година клиниката Жан Митрев беше повикана од државата да лекува ковид-19 пациенти. По тој повик медицинскиот тим на Митрев од над 300 лица не вршеше измама, туку деноноќно се бореше да спасува животи од ковид-19 по барање на државата. 

Одбраната исто така потсети дека државата на клиниката ѝ го стави сопствениот апарат за хемофилтрација на располагање во екот на пандемијата за клиниката да може на направи повеќе хемофилтрации, а сега го обвинува дека правел  измама со вршењето на хемофилтрација. Со ова неосновано обвинение и овој процес, Македонија станува единствената држава во светот која што покренала судски процес против доктор и клиника кои лекувале во  вонредна ситуација на ковид-19, додека во САД се донесени закони за имунитет на давателите на здравствени услуги поврзани со ковид-19рекоа од одбраната. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ