среда, 30 октомври 2024

Од утре за патување во Америка не е задолжителна вакцина

Објавено на

часот

Сподели

Бајден вчера ја укина и мерката за задолжителна вакцинација на владините службеници и работниците што работат за сојузната влада со договор, објави Гласот на Америка.

Наредбата на Бајден стапува во сила една минута по полноќ на 11 мај, кога истекува вонредната состојба во јавното здравство воведена поради пандемијата на ковид-19.

Регулативата за задолжителна вакцинација на околу 3,5 милиони вработени во сојузната влада, донесена во септември 2021 година, не се спроведува повеќе од една година поради низа судски пресуди.

Минатата недела Белата куќа објави план за ставање крај на мерките воведени во борбата против коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ