Паркот ќе се протега на површина од околу 8.500 квадратни метри. Ќе биде дополнет со пешачки патеки, сквер, со детско катче, со многу зеленило, и ќе биде современ простор за одмор и разонода на сите жители од овој дел на градот. Паралелно, дел од донираните дрвца од УНДП, ќе бидат искористени и за другите паркови во општината.
Градоначаланикот Ѓорѓиевски најави дека покрај на оваа локација, нови дрвца ќе бидат заседени и во другите паркови во општина Кисела Вода, меѓу кои и во новиот Оксиген.
На Светскиот ден на заштита на животната средина, како што истакна Григоријан, УНДП ги потврдува заложбите за зачувување и заштита на нашата планета.
– Денеска, заедно со градоначалникот Ѓоргиевски ќе засадиме повеќе од 100 дрвја со што сакаме да покажеме дека чувањето на животната средина е колективна акција и споделена одговорност на сите нас. Со нашата посветеност на одржливи практики и заедничко дејствување отвораме пат кон позелена иднина. Заедно, можеме да ја заштитиме биолошката разновидност, да се соочиме со климатските промени и да ги поттикнеме заедниците да живеат и напредуваат во хармонија со природата. Да ја искористиме оваа можност да создадеме амбиент на одржливост за нашите деца и генерациите што доаѓаат, истакна Григорјан.
Денешната акција е вовед во активностите кои следат во наредните денови во насока на зазеленување на просторот и оплеменување на парковите низ општина Кисела Вода