вторник, 22 октомври 2024

Од септември, училиштата ќе работат по нов терк, со нови електронски дневници

Министерството за образование и наука (МОН) изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе почне да се применува во новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта.

Објавено на

часот

Сподели

Првичните проверки се спроведени во координација на МОН со Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и со наставници од училиштата. Организирани се и обуки за ИТ администратори во училиштата.

Како што соопштија од Министерството, откако целосно ќе заврши фазата на тестирање, ќе следи процес на мигрирање на податоци од сегашниот во новиот електронски дневник, но и внесување на дополнителни податоци во софтверот од страна на училиштата. Предвидено е да се организираат обуки за користење за сите наставници.

„Новото софтверско решение ќе ги надмине предизвиците со кои наставниците, администраторите, родителите/старателите и самите ученици ги посочуваа во изминатиот период, бидејќи сите нивни сугестии се земени предвид во процесот на креирање на системот. Изразуваме благодарност до сите чинители во процесот на креирање на новиот интегриран систем за електронска работа на училиштата, а особено до Европската унија која обезбеди финансиска и логистичка поддршка во овој процес и што континуирано ги поддржува напорите за дигитализација и модернизација на образованието“, соопштија од МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ