недела, 20 октомври 2024

Од ноќеска на полноќ нова цена на горивата

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар за литар, на еуродизел (Д-Е V), за денар и половина, а на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), за два денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 денари за килограм, информираат денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Од ноќеска на полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат на еуросупер БС-95, 83 денари за литар, на еуросупер БС–98, 85 денари за литар, на еуродизел (Д-Е V), 75,50 денари за литар, на екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар и на мазут М-1 НС 46,909 денари за килограм.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.7.2024 година.

„Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ