среда, 30 октомври 2024

Од Макстил ниски емисии на цврсти честички во споредба со максимално дозволените

Емисиите на цврсти честички од Макстил во првата половина на годината се до 20 пати пониски од граничните вредности, покажува извештајот од мерењата по месеци. Компанијата во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двете мерни точки, односно од двата оџаци во производниот процес и секој од овие извештаи покажал повеќекратно пониски вредности од дозволените.

 

Објавено на

часот

Сподели

Мерењата за последните три месеци покажуваат дека во мерна точка Оџак од филтер постројка најниската вредност била измерена во месец април и изнесува 0,24 микрограми на метар кубен, а највисоката во месец јуни и изнесува 1,3 микрограми на метар кубен (mg/Nm3), а граничната вредност на оваа точка е 20 микрограми на метар кубен. На втората мерна точка, Оџак од пескара, каде најниската дозволена гранична вредност изнесува 30 микрограми на метар кубен, највисоката вредност била измерена во месец јуни и изнесува 8,32 микрограми на метар кубен.

Вредностите на емисиите од двата оџаци на Макстил во текот на сите месеци кога активно работи компанијата, се пониски од граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина, а дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола, како и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Континуираното намалување на емисионите вредности е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за контролирање на производството и е во согласност со компанискиот општествено одговорен однос кон заедницата за заштита на животната околина.

Во прилог на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички од двете мерни точки во периодот од јануари до јуни 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ