Според Гардијан, Борел го напишал своето мислење во напис за Журнал де Диманш и додал дека Тајван ја загрижува Европската унија економски, комерцијално и технолошки.
Затоа ги повикувам европските морнарици да патролираат по Тајванскиот теснец за да ја покажат посветеноста на Европа за слободата на пловидба во оваа апсолутно клучна област“, нагласи тој.
Пред две недели Кина започна со вежби околу тој остров, кој го сметаат за своја територија, симулирајќи насочени напади и блокади. За време на дебатата за Кина во Европскиот парламент, Борел изјави дека Тајван е неопходен дел од „геостратешкиот периметар кој гарантира мир“.
„Секое дејство против Тајван мора да се отфрли, не само од морални причини, туку и затоа што тоа би било исклучително сериозно за Европската унија од национална гледна точка. Тајван е стратешки важен поради производството на полуспроводници нагласи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.
„Секоја акција против Тајван мора да биде отфрлена, не само од морални причини, туку и затоа што во државна смисла тоа би било исклучително сериозно за Европската унија.
Коментарите на Борел доаѓаат по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој за време на посетата на Кина истакна дека Европа не треба да биде следбеник на Соединетите Американски Држави, што предизвика критики од страна на некои политичари од САД, но и од ЕУ.
Кинеските вежби околу островот се одржаа по официјалната посета на тајванската претседателка на САД. Таму таа се сретна со претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, а уште пред тој настан разговараа од кинескиот конзулат во Лос Анџелес, каде открија што мислат за потенцијалната средба.
„Таа средба, во голема мера ќе ги повреди чувствата на кинескиот народ, ќе испрати погрешен сигнал до тајванските сепаратистички сили и ќе влијае на политичките односи меѓу Кина и САД. Тоа нема да придонесе за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. Оваа средба не е во заеднички интерес на кинескиот и американскиот народ“, се вели во соопштението.
Ова не е единствениот официјален кинески потег со кој се критикува односот на странските политичари кон Тајван.
Тие неодамна испратија писмо до јужнокорејскиот амбасадор поради изјавата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол.
Јужнокорејскиот претседател напомена дека прашањето за Тајван е глобално прашање и го спореди со ситуацијата околу Северна Кореја.
Ваквиот коментар го опиша кинескиот заменик-министер за надворешни работи Јин Веидонг како „целосно неприфатлив“.