петок, 18 октомври 2024
Не се знае кога ќе почне изградбата на автопатите

Од денеска започнуваат подготвителните активности за коридорите 8 и 10д

Објавено на

часот

Сподели

„Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги“, се наведува во соопштението.

Проектот со странскиот конзорциум Бехтел и Енка е во вредност од над 1,3 милијарди евра, а дополнителни 300 милиони евра, според првичните проценки, ќе чини експрпријацијата. 

За годинава веќе се одобрени 243 милиони евра преку буџетот на Министерството за транспорт и врски. Предвидена е изградба на автопатските делници: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1  километар), Тетово – Гостивар ( 27  километри)  на Коридорит 8 и делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10д. 

Според најавите, годишно ќе се градат просечно по 25 километри, а километар ќе чини 12 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ