понеделник, 14 октомври 2024

Oд денеска до 19 октомври „Скупи фестивал“

Со претставата „1984” од  Џорџ Орвел, во режија на Игор Менџиски и во изведба на Националниот театар од Приштина, вечер од 20 часот на сцената на Албанскиот театар – Скопје ќе биде отворен 18. Меѓународен театарски фестивал „Скупи фестивал“ – Скопје кој ќе се одржува до 19  октомври.

Објавено на

часот

Сподели

Во претставата играат Арта Селими, Басри Луштаку, Едона Решитај, Флака Латифи, Шпејтим Кастрати, Џејлане Годанци и Илбер Барди.

Како што соопштија организаторите на фестивалот, утре (вторник) ќе биде изведена претставата „Гидеоновиот јазол”, во продукција на Интермецо и МЕСС Сараево. Автор е Џона Адамс, режијата е на Селма Алиспахиќ, а улогите ги толкуваат: Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ.

В среда, 16 октомври, на програмата ќе биде „Децата од прашина”, претстава во продукција, концепт и кореографија  на Тула Лимноа (Toula Limnaios) од Берлин, и во изведба на: Хиронори Шугата, Франческа Бедин, Каролина Кардаш, Амадин Ламуру, Лаура Беши, Феликс Дипин, Даниел Хернандес Алфонсо, Ено Клајнхандин.

В четврток на програмата ќе биде „Нижински”, подготвена од „Produksion L’ Amphitheater & Oh DA!” oд Букурешт. Авторка е Ема Николова, режисер Малина Андреј, а учествува Филип Ристовски.

Во рамки на „Скупи фестивал“, в петок ќе биде организирана  работилница насловена „Изведба со маски“, која ќе ја води режисерката Сенем Џехвер од Турција.

Фестивалот ќе биде затворен на 19 октомври во Албанскиот театар во Скопје, со претставата „Елементарни честички” од Мишел Уелбек, во режија на Крис Шарков и изведба на Народен театар „Иван Вазов“ од Софија. Во претставата играат: Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар  Николов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева.

-МТФ „Скупи фестивал“- Скопје секоја година носи најразлични перформанси и естетски вкусови. Фестивалот има натпреварувачки карактер и доделува награда за најдобра претстава на фестивалот. Жирито кое ќе ја додели оваа награда е составено од три дами: театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ