вторник, 12 ноември 2024

Mилевски: Полека се доближуваме до целта да изградиме вистински тим

Македонија денеска со 2-0 славеше на гостувањето кај Ерменија и дојде на чекор до освојување на првото место во групата и пласман во Б-дивизијата од Лигата на нации. Селекторот Благоја Милевски е задоволен од она што го гледа од фудбалерите на последните натпревари.

Објавено на

часот

Сподели

Со голов на Миовски и Алими, Македонија дојде до многу важен триумф кој речиси сигурно ќе не лансира во дивизија погоре од Лигата на нации.

„Иако Ерменија имаше свои моменти, сметам дека Македонија заслужено победи. Можеби Ерменија беше поактивна во првиот дел, но немаше премногу шанси. Ние ги корегиравме нашите линии на полувремето и во продолжението бевме подобар противник. Ме радува фактот што по моменти на конфузност и нервоза при посед на топка во првиот дел, се вративме на најдобар можен начин. Тимот беше тука да ги корегира грешките на индивидуалците. Полека се доближуваме до целта да изградиме група на добри личности и одлични фудбалери“, вели Милевски.

„Со своите настапи во репрезентацијата нашите фудбалери испраќаат пораки и до своите тренери во клубовите. Некои тренери не можат и не сакаат да ги видат нивните квалитети. Девет од единаесет фудбалери не играат во континуитет во своите клубови и пак играат два натпревари во четири дена. Ме радува тоа што не примивме гол на три натпревари по ред и што имаме одличен дух и помагање меѓусебе. Победата ја посветувам на мојот тим, на стручниот штаб, на федерацијата за логистиката во цел овој период“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ