петок, 15 ноември 2024
Стопанска комора

Азески на Евро-азискиот самит во Истанбул

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ќе учествува на Евро-азискиот самит што се одржува на 15 и 16 октомври во Истанбул, на тема „Колаборативен пристап за климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB).

Објавено на

часот

Сподели

Регионалните самити на WCF ги обединуваат членовите на глобалната мрежа на стопанските комори на WCF, со цел глобалните предизвици и можности да се согледаат преку еден поширок регионален објектив.

Овој клучен настан има за цел да ги обедини највисоките претставници од коморите, деловните лидери, експертите и засегнатите страни од јавниот и приватниот сектор да разговараат за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и промени, да ги истражат најновите случувања за климатските промени и да ги нагласат проактивните мерки што Коморите и бизнисите ги преземаат за справување со климатските ризици, користењето технологии за одржлив развој и циркуларна економија, прашањето за декарбонизација… Ќе има и можности за вмрежување со деловни делегации од различни земји во регионот.

На самитот на Светската федерација на комори за Европа и Азија, коморите кои го претставуваат деловниот свет ширум светот ќе ги финализираат своите ставови за климатските промени пред Самитот Б20 и Г20 во Бразил на 24 октомври и самитот COP29 во Баку на 11 ноември, разговарајќи за можностите за нула емисии, климатски технологии и иновации и финансирање на климатските промени, соопшти Стопанската комора на Македонија.

Во рамките на овој Самит ќе се одржи и првиот состанок на Советот на жени при коморите во рамки на WCF, на кој од Стопанската комора на Северна Македонија ќе учествува д-р Елена Милевска Штрбевска, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража при Комората.

На настанот е најавено учество на над 700 претставници од стопанските комори и бизнис-делегации ширум светот. Со тоа, преку коморското поврзување, бизнисмените од преку 40 комори и држави ќе имаат можност да разменат искуства за најновите предизвици во современото деловно работење и остварат деловна соработка преку организираните бизнис-средби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ