вторник, 12 ноември 2024

Гутереш: Нападите врз мировниците на ОН може да претставуваат воено злосторство

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, синоќа предупреди дека секој напад врз мировниците на ОН „може да претставува воено злосторство“, рече неговиот портпарол, откако израелски тенкови ги пробија портите на мировната база во јужен Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е најновото обвинение против израелските „прекршувања“ и напади врз мировната мисија на Обединетите нации, познати како УНИФИЛ, кои се случија во последните денови, според Ројтерс.

„Мировниците на УНИФИЛ остануваат на сите позиции, знамето на ОН сè уште се вее“, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик.

Гутереш истакна дека персоналот на УНИФИЛ и нивните простории никогаш не смеат да бидат цел.

„Нападите врз мировниците се спротивни на меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Тие може да претставуваат воено злосторство“, заклучи тој.

Претходно вечерта израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од мировните сили на ОН веднаш да се повлечат од јужен Либан, бидејќи, според него, „терористичката група Хезболах ги користи меѓународните трупи како жив штит“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ