понеделник, 21 октомври 2024

Од 1 јануари функционерите електронски ќе ја пријавуваат имотната состојба

Од 1 јануари 2024 година во Државната комисија за спречување на корупцијата во функција ќе биде новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.

Објавено на

часот

Сподели

„Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk/, а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК“, изјавија од ДКСК.

Наредната година ДКСК ќе испитува и тоа дали во одредени закони се кријат правила кои претставуваат ризик од корупција. Според планот за антикорупциска проверка на законодавството, на тапет на ДКСК следната година ќе се најдат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за финансиска полиција, Законот за ДКСК, Законот за лобирање, Законот за судови, Законот за јавно обвинителство, Законот за административни службеници и Законот за вработување во јавната администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ