петок, 19 јули 2024

Обврзниците најдени кај турскиот државјанин се безвредни, тој ќе биде казнет прекршочно

Објавено на

часот

Сподели

Како што беше објавено на вестите на Телма, станува збор за обврзници кои се со изминат рок и чиј сопственик починал во 2015 година. Обврзниците на котираат на ниедна берза. Биле издадени од компанија од оф-шор дестинациите.

Како што изјави директорот на Царината, Стефан Богоев, лицето ќе одговара бидејќи според закон, дозволен е внес на хартии од вредност, но тие мора да бидат пријавени. Тоа што тие се практично безвредни, не значи дека нема да има истрага за случајот, бидејќи најчесто обврзници од таков финансиски обем се користат за измама и перење пари.

„Истражуваме дали се работи за измама, обид за измама, перење на пари или финансирање на нелегални активности, односно ние спречивме можно кривично дело“, изјави Богоев.

д

Инаку, како што веќе објави МКД.мк, заплената беше извршена на 28 јули кога при скенирање на багажот на патникот кој допатувал од Истанбул, биле забележани обврзниците, вкупно 184 со номинална вредност од по 500 долари, или вкупно 92 милиони долари. Не биле наменети за Македонија, туку патникот требало да замине во друга држава.

Со одлука на Основниот суд – Скопје обврзниците беа одземени и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. 

„Патникот од Истанбул се определил да помине на ‘зелен канал’, како да нема стока за пријавување. Но, при контрола со скенер и дополнителна детална контрола обврзниците се пронајдени во четири папки во црна рачна торба. Секторот за контрола и истраги веднаш почна со истражни дејствија, односно извршени се службени разговори, прибирање на дополнителни докази, како и известувања и консултации со релевантни национални и меѓународни институции, вклучително Интерпол и Селек“, информираше пред два дена Богоев на прес-конференција и рече дека на лицето му е изречена парична казна – глоба врз основа на Законот за девизно работење.

сИнаку, Богоев ја пофали тогаш Царината со која раководи и нагласи:

„Замислете каква би била реакцијата доколку некој патник вака се прошета и потоа во Германија, Франција, Италија, Шпанија се случи нешто што не треба. Да почне истрагата и од таму да се врати наназад и да произлезе дека патникот поминал на скопскиот аеродром без контрола. Наша обврска е целосно и детално да извршиме проверка. Јас сум задоволен како Царинската управа досега ја водеше постапката и повторно се заблагодарувам на царинските службеници и на шефот на царинска испостава Аеродром Скопје за успешно завршената работа“, нагласи Богоев.

                                                                                                        Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ