сабота, 19 октомври 2024

Обвинителството поведе постапка против насилникот кој удри снимател на Алсат

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Јавното обвинтелство.

„Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на Телевизија Алсат-М. Со тупаници го удрил снимателот по главата и телото, а кај двете новинарки предизвикал чувство на вознемиреност и страв. Во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, по наредба на јавен обвинител, обезбедени се снимки од видео надзор од околните објекти.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа на осомниченото лице, како и забрана за остварување контакти со сведоците и со оштетениот“, се вели во соопштението.

Како што објави МКД.мк, за новинарите изразија осуда на нападот врз снимателот и заради заканите кон новинарките,а новинарските здруженија побараа брза реакција од надлежните органи и казнување на насилникот.

„Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата“, појаснуваат од ЗНМ и додаваат дека при физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот на телевизијата. Лицето по нападот се вратило во дуќанот, а потоа повторно излегло, по што се упатило во непознат правец.

                                                                                                                Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ