петок, 15 ноември 2024

Обвинителството покрена истрага за убиство сторено во 2013 година

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово донесе наредба за спроведување истрага против двајца жители на селото Порој, од кои првиот е директно осомничен за кривично дело убиство сторено во 2013 година, додека другиот му помогнал во извршување на убиството и бил соучесник во неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Првоосомничениот, на 12 октомври 2013 година, на излезот од селото Пирок, со умисла убил тетовчанец поради претходни нерасчистени недоразбирања. Второосомничениот го ставил на располагање својот автомобил и двајцата заеднички набавиле автоматска пушка која на граѓаните им е забранета, соопшти ОЈО Тетово.

„Откако се сретнале со оштетениот, првоосомничениот веднаш започнал да пука, испукал повеќе куршуми, нанесувајќи му телесни повреди со огнено оружје на кои оштетениот им подлегнал. Двајцата осомничени избегале“, информираа од ОЈО Тетово.

Оттаму дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата. Согласно донесеното решение, за првоосомничениот притворот е ефективен веднаш, а за второосомничениот, кој е во бегство, притворот ќе почне да се применува по неговото пронаоѓање и апсење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ