четврток, 24 октомври 2024

Обвинителството ќе истражува како и зошто автобус на ЈСП удри во жардинера во центарот на Скопје

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје оформи предмет и ќе ја испитува сообраќајката во која возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгуби контрола врз возилото и удри во бетонска жардиниера на булеварот “Гоце Делчев”, во центарот на Скопје при што повредени беа возачот на автобусот и двајца патници.

Објавено на

часот

Сподели

Од ОЈО Скопје велат дека надлежниот јавен обвинител ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други луѓе со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.

„За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот“, информираа од Обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ