понеделник, 21 октомври 2024

Обвинителството го чека официјалниот извештај од обдукцијата на Вања Ѓорчевска

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до Обвинителството. Посочуваат дека е во фаза на собирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Објавено на

часот

Сподели

Првоосомничен за убиствата на малолетната Ѓорчевска и на Жежовски е Љупчо Палевски – Палчо, кој беше приведен во Турција, каде што беше избеган, и таму се наоѓа во екстрадициски затвор.

Во Скопје во притвор се три лица од партијата на Палевски, осомничени како соизвршители, таткото на девојчето и лице од Струмица осомничено дека му помогнало на Палевски во бегството од Белград до Турција.

Телата на Вања и Панче беа пронајдени во околината на Скопје и на Велес на 3 декември. Претходно, и девојчето и мажот беа пријавени за исчезнати во полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ