недела, 14 јули 2024

Обвинителството бара притвор за возачот на осомничениот Палевски, адвокатот засега останува на слобода

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага за возачот што го пренел осомничениот за двојното убиство во Велес и Скопје, Палевски од Србија преку Бугарија во Турција. Тој е осомничен за помагање на сторител по извршено кривично дело. За адвокатот на осомничениот пак, кој претходно го превел Палевски од Македонија до Србија, јавен обвинител оценил дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, но сепак, информираат од ОЈО Скопје, проверките за негова евентуална инволвираност во случајот продолжуваат.

Објавено на

часот

Сподели

Во период од 1 до 3 декември 2023 година осомничениот му помогнал на сторител да не биде откриен за две кривични дела, грабнување како и две убиства на свиреп начин, едно на малолетно лице и едно од користољубие обезбедувајќи му превоз со автомобил. Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на фирма се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија на граничниот премин Калотина. Границата ја поминале на 2 декември 2023 година, па движејќи се низ територијата на Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 3 декември 2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран“, велат од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Што се однесува до адвокатот на осомничениот Палевски, кој синоќа беше приведен во полиција, а кој претходно го превел Палевски од Македонија до Србија, јавен обвинител оценил дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, но сепак, информираат од ОЈО Скопје, проверките за негова евентуална инволвираност во случајот продолжуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ