петок, 18 октомври 2024
Одложена седницата на Апелацискиот суд

Обвинителот Рајчев ќе поднесе тужба против обвинетиот Стаменковски зашто прави сензации како во ДоказМ

Објавено на

часот

Сподели

„Од моја страна беше изготвена и доставена писмена изјава до вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, во прилог записникот од денешната седница на која што беше истакнато барањето за иземање. Со оглед на тоа што во истакнатото барање за изземање, освен тоа што бев споменат јас, како јавен обвинител кој што постапува по овој предмет, беше споменат и вишиот јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, па за да се отклони каква било непристрасност при одлучувањето по поднесеното барање и тој побара иземање по кое ќе одлучи главниот јавен обвинител“, рече Рајчев.

Тој додаде дека со оглед на тоа што главниот обвинител е на службен пат во странство и не е во можност да одлучи по барањето за изземање, предложи денешната седница биде одложена.

Судот, потоа, имајќи предвид дека од страна на Обвинителството не е донесена одлука по поднесеното барање за изземање, донесе решение јавната седница да ја закаже за 19 мај во 8.30 часот.

Според обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на интернет страницата ДоказМ, јавниот обвинител Рајчев соработувал со него на дел од предметите за кој што му се суди, додека обвинителот ги отфрли овие наводи како невистини.

„Сметам дека денешното барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите кои што тој ги објавуваше секојдневно и кои што се предмет на оваа кривична постапка“, изјави јавниот обвинител Рајчев.

На Марјан Стаменковски, сопственик на интернет страницата Доказ М Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.

Освен затворската на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5.000 евра заради злоупотреба на лични податоци како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал. 

При претрес на домот на сега осудениот полицијата запленила документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ