понеделник, 21 октомври 2024
Одлука на Антидискрминациската комисија

Обвинителката Ленче Ристоска е дискриминирана, Советот на обвинители треба да ѝ се извини

Обвинителката Ленче Ристоска објави дека го добила случајот против Советот на јавни обвинители со одлука на Антидискриминациската комисија. За тежок облик на дискриминацијата кон неа Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска.

Објавено на

часот

Сподели

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи мојата претставка и утврди директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна нСоветот на јавни обвинители.

Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид на рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна подршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки.

Воведувањето на мерит систем, наспроти практикување на дискрециони областувања, ќе влијае на зголемување квалитетот на работата и консеквентно на довербата во јавнообвинителскиот систем, бидејќи е едно од најсилните оружја против корупција, клиентелизам и дискриминација“, вели обвинителката Ленче Ристоска.

Обвинителката го имаше пријавено Советот на јавни обвинители зашто тврдеше дека неправедно и без никаков основ ја прескокнуваше и игнорираше на огласите за унапредување, односно за избор во Вишото јавно обвинителство.

Советот на обвинители ја одби еднаш како млада за тоа обвинителство иако беа избрани и помлади од Ристоска, а втор пат зашто во времето на оглас била бремена, што според Антидискриминациската комисија е понижувачки и дискриминациски одговор . Исто така, дискриминација е ставот на Советот дека како обвинителка која работела во Специјалното јавно обвинителство не работела на случаи на крвни деликти или дрога, без за тоа да обезбеди извештај за нејзината работа како обвинителка.

Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше таа да одговара за јавно искажаните ставови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ