Настанот се случил на 17 август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле родителите на децата и други роднини. Тепачката кулминирала така што едно од децата се здобило со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.
Еден од обвинетите, како што информира Јавното обвинителство, во моментот извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.