петок, 18 октомври 2024

Обвинение против 11 диви копачи, незаконски копале во археолошки локалитети

Објавено на

часот

Сподели

Според опишаните дејствија во обвинението, сите обвинети го сториле кривичното дело злосторничко здружување, а засебно, 11 обвинети сториле и други кривични дела од областа на културното наследство.

„Првообвинетиот С.Џ. сторил и кривични дела прикривање, оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Петмина обвинети З.А., М.С., Г.К.,И.С.,и М.Џ., освен за кривичното дело злосторничко здружување, се товарат и за сторено кривично дело оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости. М.А. и Д.Р. се обвинети и за кривичното дело изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај кривичните дела злосторничко здружување и прикривање, на обвинетиот Т.А. му се става на товар и кривичното дело оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, додека на Н.М. кривичното дело изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Најмладиот Р.З. освен кривичното дело злосторничко здружување е сторител и на кривичните дела оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.

Според обвинителството, во текот на втората половина на 2021 година на територијата на Македонија, со цел вршење на кривичните дела за кои ште се обвинети и стекнување противправна имотна корист, обвинетите С.Џ., З.А.и Т.А. создале група во која група припадници станале останатите обвинети и Д.П кој е во бегство.

„Групата станала функционална целина и нејзините припадници во периодот од 1 декември 2021 година до 12 декември 2022 година преземале дејствија на неовластено од надлежен орган истражување на археолошки локалитети како недвижни добра под привремена заштита, користејќи пренесени сознанија, карти и рачно пишани текстови и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети. По пронаоѓање на локалитетите, со користење на метал детектори обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство. Археолошките добра и историските предмети иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале во нивните домови или на непознати локации и неовластено од надлежен орган ги нуделе и продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство“, информираат од ОЈО ГОКК.

Оттаму наведуваат дека отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Република Македонија, со исклучителна вредност. Со нивно трајно оттуѓување, обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ