Во Скопје, наутро со услови за појава на магла. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h). Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните ќе достигнат од 10 до 18 Целзиусови степени.