вторник, 22 октомври 2024
Време

Облачно со дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 26 до 34 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ